Борко после операцијата: Заедно да го вратиме Вардар на врвот на Европа!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Голманот на Вардар 1961, Борко Ристовски ја информираше јавноста дека вчера имаше хируршки зафат, операција на коленото.

Искусниот чувар на мрежата сака да биде добро подготвен за новите предизвици кои го очекуваат клубот во следната натпреварувачка сезона.

– Во текот на вчерашниот ден кој беше напорен врз мене, имав хируршки зафат, операција на коленото, која помина во најдобар ред благодарение на професионалноста и посветеноста на доктор Настов.

Се решив за ваков чекор на крајот од сезоната за да можам што поподготвен и што побезболно да ги почнам подготовките. Затоа што верувајте следната сезона нè очекуваме двојно повеќе натпревари, не очекуваат уште потешки моменти.

Сакам да упатам порака до армијата навивачи на Вардар, сите да бидеме заедно, затоа што следната година веќе нè очекуваат многу напори во кои што мораме сите да се сплотиме за да го вратиме Вардар таму каде што му е местото, а тоа е врвот на Европа. Имајте убав летен одмор, чувајте се и сите заедно за Вардар – се зборовите на Ристовски на фејсбук страницата на РК Вардар 1961.

Во Вардар револтирани на РФМ: Следната сезона ќе играме на три фронта, Федерацијата ни наложи да играме од стартот на Суперлигата

Томовски и официјално претставен како нов голман на Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот