Томовски и официјално претставен како нов голман на Вардар

Освојувачот на двојната круна, Вардар 1961 од денеска има нов тренер, Веселин Вујовиќ по трет пат се врати на клупата на Вардар, а првиот човек на „црвено-црните“ го претстави и тимот кој следната сезона ќе игра на четири фронта, во Лигата на шампионите, СЕХА лигата и домашните првенство и Куп.

Тоа што веќе беше познато од претходно, денеска и официјално е потврдено, репрезентативниот голман Мартин Томовски во следната сезона ќе брани за Вардар.
Томовски доаѓа од германскиот бундеслигаш Лудвигсхафен каде имаше одлична сезона.
Што се однесува до составот за наредната сезона, се очекува уште едно до две засилувања, но првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски смета ќе биде посилен за 30 до 40 проценти во иднос на минатата сезона.
– Од март, април годинава почнавме да ја подготвуваме екипата за следната сезона. Како човек кој долги гоини е во ракометот, убеден сум дека Вардар ќе биде посилен за 30 проценти, а доколку го додадам и Вујо, тогаш ќе бидеме за 40 провенти посилни. Амбициите за следната сезона остануваат исто, топ осум во ЛШ, финале во СЕХА Лига против Веспрем кој реално е поквалитетен од нас – изјави Михајло Михајловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот