Во Вардар револтирани на РФМ: Следната сезона ќе играме на три фронта, Федерацијата ни наложи да играме од стартот на Суперлигата

Михајловски се раздели во Вујовиќ по серијата слаби резултати на Вардар/ Фото: слободен печат

Првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски е револтиран што Вардар кој следната сезона го очекуваат настапи во Лигата на шампионите, СЕХА Лигата, ќе мора од самиот старт на сезоната да игра и во домашното првенство.
Досега, екипите кои играа во ЛШ или групната фаза во Лигата на Европа, Вардар и Еурофарм Пелистер, а во минатото и Металург, во домашното првенство се приклучуваа од вториот дел во сезоната, но Ракометната федерација на Македонија им наложи на Вардар и на Е. Пелистер, идната сезона да ја играат од самиот почеток.

Оваа одлука предизвика револт кај првиот човек на Вардар, Михајло Михајловски, кој денешната промоција на Веселин Вујовиќ за нов тренер, да искористи уште еднаш да се пожали на згуснатиот распоред на неговата екипа.

– Вардар првпат ќе игра на четири фронта и се обративме до РФМ. Ќе треба да играме во СЕХА лига, за викенд, во ЛШ среда или четврток. Ќе треба да тренираме, да патуваме, а кога ќе најдеме термини за натпревари од Суперлигата. Останатите клубови имале желба да играат со Вардар и Еурофарм Пелистер. Но оваа сезона што покажа. Од сите тие клубови што се бунеа, ниту една не беше приближно до нерешено со Вардар и Еурофарм Пелистер, а тоа не беше реално. Сега имаме нов систем на натпреварување, па имаме плеј-оф. Ќе играме многу натпревари, сакале или не, ќе мора да се придржуваме на оваа одлука. Но РФМ пред да донесе одлука мора да направи анализа. Не може еден играч за десет месеци, со три четири ЕХФ недели, со ЕП или СП, да одигра голем број натпревари, просечно по три меча неделно или повеќе од 70. Дали е тоа хумано? Кога се носат одлуки мора да бидат целосно согледани – вели Михајловски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот