Борко: Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК

epa-efe
epa/Ali Haider

Голманот на Вардар и на македонската репрезентација, Борко Ристовски, во улога на гостин доби дозвола да се обрати на Собранието на МОК и жестоко го критикуваше досегашниот развој на настаните кој доведе до напуштање на Собранието на еден од кандидатите, Александра Војнеска – Зикова.

– Македонија не заслужува ваков избор за претседател на МОК. Не смеете да си дозволите да бидате со половина празни столчиња, тоа е пораз за сите. Немам ништо лично против вас, туку против тоа што го претставувате во спортот. Велите дека вашата противничка не ги исполнува условите, ама јас знам дека и вие не ги исполнувате, бидејќи само три години бевте предводник на КФМ во регуларни услови, а другите под блокирана сметка. Мене ми е искрено жал што легенди како Тоше, Перо и Наумче се дел од цело сценарио. Се надевам дека сите ќе застанат зад спортот, а не зад политиката. Апелирам до сите вас како спортски работници да им дадете шанса и на тие што не се тука“, рече Борко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот