Борис Новковиќ стана татко по четврти пат: Среќен сум, сè помина добро

Instagram
Instagram

Вчера, хрватскиот кантавтор Борис Новковиќ и неговата партнерка, студентка по моден дизајн, Ирис Волф станаа родители по втор пат.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето се родило вчера, во вторник напладне во загрепската болница „Меркур“ со царски рез, а одличната вест за „tportal“ ја потврдил и гордиот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Novkovic (@boris_novkovic)

Како и претходните пати кога станав татко, овој ден е еден од најсреќните во мојот живот. Сè помина добро со мама и бебето и едвај чекам да се вратат дома“, изјавил Борис Новковиќ.

Да потсетиме, Новковиќ и Ирис во април 2019 година станаа родители на ќеркичката Си.

Ирис и јас заедно го избравме името. Корените се од хебрејскиот јазик, па дури и во Кина има такво име. Направивме комбинација од нашите имиња Ирис и Борис“, во тоа време изјави Борис за „процесот“ на избор на името.

Борис Новковиќ: Наместо развод – син со четвртата сопруга

Нивната љубовна приказна започна пред две години. Пејачот и неговата девојка накратко се разделија минатата година, но не се разведоа, очигледно љубовта секогаш победува.

Музичарот од бракот со Луција Матиќ има два сина, десетгодишниот Ноа и седумгодишниот Боно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот