Борба за милионите: Вонбрачните синови на Тозовац во трка за неговите пари и недвижности

Пријателите на неодамна починатиот пејач велат дека очекуваат неговите вонбрачни синови што живеат во странство, да се појават и да бараат дел од наследството на кое имаат право, бидејќи ги признал. Но, неговиот кум открива дека Тозовац пред да почине, составил тестамент.

По погребот на Предраг Живковиќ Тозовац ќе почне борбата за неговото наследство. Пријатели блиски на легендарниот пејач велат дека постои можност неговите вонбрачни синови да се појават и да бараат свој дел, на што имаат право бидејќи тој ги признал.


Имотот што познатиот музичар го стекнал во текот на животот на оставинската расправа може да биде поделен меѓу неговите вонбрачни деца и сопругата Мима. Како што велат неговите пријатели, тој многу заработил во текот на кариерата, бидејќи бил еден од најуспешните пејачи, а имал два стана и куќа. Инаку, како што самиот Тозовац изјавил во една пригода, неговите вонбрачни деца живеат во странство и не биле во посета на Србија долго време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PRess Serbia (@pressserbia)

Тајните синови

Тој не сакал многу да зборува за нив, не само јавно туку и со пријателите, кои знаат само дека децата постојат, но ништо повеќе од тоа. Сите детали за тој однос ги знае само неговата сопруга Мима со која се венчаше пред неколку месеци.

– Имам два вонбрачни сина, но тоа е моја приватна работа. Нека се живи и здрави, но моите синови се создадени случајно. Еден живее во Америка и има син Марк. Ќе бев најсреќен човек на светот, да има што повеќе Срби на кои сум им татко – изјави Тозовац во една пригода, за српските медиуми.

Музичарот долго време не бил во контакт со синовите, а едниот од нив, како што се зборува, го добил со една многу убава пејачка, на која сите ѝ се додворувале, но не била многу позната.

Инсистирал да состави тестамент

Инаку, според кумот на пејачот, тој наводно еден месец пред да почине, напишал тестамент и сè што има ѝ препишал на сопругата Емилија. Тозовац како да претчувствувал, инсистирал со Мима да склопат граѓански брак, а потоа и официјално на нејзе да ѝ го остави својот имот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tozovac Mima (@emamimaa)


– На почетокот од годината ѝ рече на жена му дека прашање е уште колку ќе живее и затоа мора да напише тестамент. Емилија се нервираше што зборува такви работи и му велеше дека е рано за тоа. Но, тој самиот повика адвокат и сè заврши непосредно пред смртта. На жена му ѝ рече дека желба му е на неа и нејзината ќерка Сања, која ја сакаше како свое дете да им остави сè. Бараше од нив да се грижат за недвижностите што им ги остава и да не распродадат сè што стекнал. Сања тогаш се расплака и рече дека за неа најважно е да бидат сите заедно – открива неговиот венчален кум Рале Ранѓеловиќ и додава дека пејачот постапил така, бидејќи сопругата била постојано покрај него.

Фотографија во паричникот

– Многу ја сакаше ќерка ѝ Сања и сакаше да ја обезбеди на свој начин. Зад себе остави куќа на Вождовац, стан од мајка му и станот во кој живееше со Емилија – открива тој.

Кумот вели дека многу ќе му недостигаат разговорите и дружбите со Тозовац, со кого се дружеле 20 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tozovac Mima (@emamimaa)


– Беше најголем љубител на животот. Тој беше сублимација на интелигенција, емоција и памет. Во паричникот носеше фотографија од татко му кого го стрелале кога тој имал само 5 години. Замислете каков човек беше, кој до смрт ја носеше со себе фотографијата од таткото, кого практично не го нипознаваше. Беше полн со емпатија и љубов. Од животната тага и рапсодија ги напиша најубавите љубовни песни – со многу емоции раскажа Ранѓеловиќ за својот кум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот