Боксерите останаа во Лондон: Се надеваме дека брзо ќе се вратиме дома!

фото: bfm.mk

Поради епидемијата на коронавирусот организаторите го прекинаа олимпискиот квалификацискиот турнир, Љама и Јанески се во постојан контакт со федерацијата.

Гоце Јанески и Јасин Љама се двајцата репрезентативци бокс кои поради ситуацијата со Ковид-19 останаа во Лондон каде што се одржуваше првиот квалификациски турнир во аматерски бокс за Олимписките игри во Токио.

По само два дена натпреварување со назнака итно, беше побарано македонската репрезентација да се врати дома откако организаторите на турнирот оценија дека поради коронавирусот квалификациите треба да завршат со „прекин“.

Претходно и Македонската снукер Асоцијација побара помош од Португалија да се врати безбедно да се врати во нашата држава.

На националните федерации им беше наложено да се вратат дома, некои тоа не можат да го направат поради рестрикциите на аеродромите, а таков е случајот со нашите боксери.

Љама и Јаневски останаа во Лондон и покрај двата обиди на Боксерската федерација на Македонија да ги врати во татковината, едноставно рестрикциите на државите каде може да се слета ја прават мисијата „невозможна“, дозволен е транзит само на ЕУ државјани, а сите околни аеродроми и оние во Европа не дозволуваат транзит.

– Со нашата федерација сме во постојан контакт, прават се да не донесат дома, ни обезбедија на два пати вонредни авио билети, прво преку Истанбул а потоа и преку Солун, сепак државите преку кои требаше да транзитираме не дозволија да слетаме во Турција и Грција. Згрижени сме и ние сме добро, неизвесно е кога ќе се вратиме дома, не зависи од нас и федерацијата, таква е ситуацијата, сите работат на наше враќање, имаме контакт и со македонската амбасада во Лондон, прават сè да ни помогнат. Истото важи и за Министерството за надворешни работи, засега сме во Лондон – вели Љама.

Јанески е оптимист дека набрзо ќе има решение и ќе вратат дома.

– Сè е во ред, трпеливи сме, знаеме дека не е едноставно да дојдеме дома, благодарни сме на Амбасадата на Македонија во Лондон која прави напори да не врати дома, не зависи сè од нив ниту од Министерството за надворешни работи, федерацијата е во постојан контакт со нас, сите работат на нашето враќање дома, искрено се надевам дека брзо ќе се најде решение, бидејќи федерацијата работи напорно со сите институции да се најде соодветно решение – се зборовите на Јанески.

Боксерската федерација на Македонија е во постојан контакт со Амбасадата на Македонија во Велика Британија, изразуваме поддршка во напорите за изнаоѓање на решение, сакаме да се заблагодариме како федерација за помошта од државата, Македонскиот олимписки комитет кој е во постојан контакт со Меѓународниот олимписки комитет кој вети секаква поддршка, финансиска и логистичка за македонските боксери во Лондон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот