Бочварски тврди дека за случајот „Беса турс” нема пропусти во Министерството за транспорт

Благој Бочварски
Благој Бочварски, министер за транспорт / Утрински брифинг

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски отфрла секаква одговорност на неговата институција во врска со случајот „Беса транс”.

– Од она што досега го истраживме внатре, нема ниту едно прекршување во Министерството за транспорт и врски, рече денеска Бочварски, одговорајќи на новинарски прашања во Владата.

Тој уште еднаш повтори дека Министерството ги издава лиценците и изводите од лиценци по барање на превозниците.

– Секој што сака да врши одредена дејност во транспортот треба да достави комплетна документација. Ако правното лице ги прекршувало одредбите од законите, треба да сноси одговорност, подвлече Бочварски.

Министерот информираше дека од обвинителот Јовески побарал да ја преземе целата документација за случајот комплетно да се истражи.

– Разговарав со обвинителот Јовевски и побарав веднаш да се преземе целата документација од Министерството и случајот да се истражи. Сакам да упатам апел до сите институции да продолжат со постапките. Остануваме овде да помогнеме во истрагата и поскоро да се открие кој го прекршил законот. Кој и да го прекршил законот, мора да сноси одговорност. До овој момент, нема ниту едно прекршување во Министерството за транспорт и врски, повтори Бочварски.

Во Министерството за транспорт, рече, се пријавени вкупно 3576 автобуси (за секој тип превоз освен за општинскиот кој е под локалните власти), а исто толку возила имаат пријавено и извод од лиценца.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот