Летото дефинитивно пристигна — еве каде во Македонија денеска било најтопло
Најтоплиот град во Македонија, според најновиот пресек на Управата за хидрометеоролошки работи за температурите во 17 часот, бил Велес.
Препорачано
Во градот биле измерени 34 степени, а максималната температура во текот на денот достигнала 34,5 степени. Веднаш зад него се Демир Капија и Кавадарци, каде во 17 часот биле регистрирани 32,4 степени.
Денеска беше топло и во Скопје – на Зајчев Рид се измерени 31,4 степени, а во Петровец – 31,8 степени.
Високи летни температури околу 30-от степен се измерени и во повеќе други градови. Во Виница биле измерени 29,9 степени, во Тетово 29,5, во Прилеп 28,7, во Гевгелија 28,6, во Крива Паланка 28,2, а во Струмица 27,8 степени.
Иако во Гевгелија во 17 часот биле измерени 28,6 степени, максималната дневна температура таму достигнала 33,8 степени. Во Струмица максималната температура се искачила до 31,7 степени, а во Виница до 31,1 степени.
Најниски температури во 17 часот биле регистрирани на повисоките места. На Попова Шапка биле измерени 16,9 степени, а во Крушево 18,1 степени.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
43мин
-
55мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


