Цигари,тутун,пушење - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Антипушачкиот закон помина на Комисијата за здравство во Собранието

Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во понатамошна собраниска процедура.

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, образложи дека новото законско решение произлегува од потребата за обезбедување посеопфатна и поефикасна заштита на јавното здравје, со посебен акцент на децата и младите, како и од обврската за усогласување со европското законодавство.

– Пушењето е водечка причина за смртност и хронични болести во Република Македонија. Според податоците на Светската здравствена организација, над 45 проценти од возрасната популација во земјата пуши, што ја става Македонија меѓу земјите со највисока стапка на пушење во Европа. Пушењето е поврзано со повеќе од една третина од сите случаи на карцином на белите дробови и со значителен дел од кардиоваскуларните заболувања – рече Андовски.

Тој посочи дека употребата на тутунски и никотински производи кај младите на возраст од 13 до 15 години достигнала 13,6 проценти во 2024 година, што претставува највисоко регистрирано ниво досега. Зачестеноста на употребата на електронски цигари кај оваа возрасна група изнесува девет проценти.

Дополнително загрижувачки е податокот дека 73 проценти од младите кои се обиделе да купат цигари, не биле одбиени при купувањето.

Андовски се осврна и на штетните последици од изложеноста на туѓ чад, нагласувајќи дека предложените законски измени имаат цел да ја унапредат заштитата на здравјето на граѓаните и да придонесат за намалување на употребата на тутунски и сродни производи, особено кај младата популација.

Голема студија — придобивките за мозокот од откажувањето од пушење ќе исчезнат ако се здебелите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот