фото: Слободен печат

Од следната недела патарините ќе проработат како што е замислено, најавија надлежните

Од 15 јуни во сила стапуваат нови правила за користење на лентите на наплатните станици низ државата, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта.

Според новиот режим, лентите означени за МТАГ ќе бидат наменети исклучиво за возила кои користат електронски таг за наплата. Плаќањето со МКард повеќе нема да биде дозволено на овие ленти.

Од претпријатието појаснуваат дека корисниците на МКард и понатаму ќе можат без проблем да ги плаќаат патарините со своите картички, но само на лентите кои се посебно означени за тој начин на наплата.

Целта на измените е да се забрза протокот на возила и да се намалат гужвите на наплатните рампи, особено во пресрет на летната сезона кога значително се зголемува фреквенцијата на сообраќајот на автопатите.

Од Јавното претпријатие за државни патишта апелираат возачите внимателно да ја следат сигнализацијата и навреме да ја изберат соодветната лента пред пристигнување на наплатната станица. Воедно, потсетуваат дека зелената стрелка означува активна лента низ која може да се помине, додека црвеното „Икс“ означува дека лентата е затворена за сообраќај.

Надлежните предупредуваат дека користењето на погрешна лента може да предизвика дополнителни застои и да го забави сообраќајот. Очекувањата се дека новите правила ќе овозможат побрзо, побезбедно и поефикасно поминување низ наплатните станици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот