Фото колаж: Марио Станојкоски / Фејсбук

Градоначалникот на Кратово: Доброволно или насила, узурпаторите ќе ја напуштат Куклица

„Доброволно или насила, узурпаторите ќе мораат да ја напуштат Куклица. Судот донесе времена мерка со која Стојна Димитровска Бут и нејзиниот татко Милош Димитровски ќе мораат да се оддалечат од локалитетот Камени Кукли и да го предадат во владение на надлежните институции. Ако одбијат, полицијата насилно ќе ги исфрли од кругот на објектот“, вели за телевизијата „24“ градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски, откако се обелодени случајот со таткото и ќерката, за кои посетители велат дека своеволно наплаќаат влез кај Камените Кукли, кои се јавно добро и се наоѓаат на јавен простор.

Како што објави „Слободен печат“, жител на Кратово, но и други посетители на споменикот на природата јавно се пожалија дека жената и нејзиниот татко им барале пари за посета на Куклица, а доколку одбијат, станувале агресивни, фрлале со камења и пуштале кучиња на посетителите.

Откако општината вчера се правдаше дека и самата не може да обезбеди пристап до локалитетот, градоначалникот Николовски сега вели дека по повеќегодишни судски постапки и кривични пријави, за првпат има конкретна судска одлука која треба да му стави крај на спорот.

Од МВР велат дека против Стојна Димитровска, нејзиниот татко Милош и нивното здружение е поднесен обвинителен акт за узурпација на недвижности, а против Стојна има и казнен налог поради закани кон туристи.

Насилниците што наплаќаат кај „Куклица“ воделе проекти со ЕУ и со Министерството за животна средина — ќерката била кандидатка на Бачев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот