Бочварски се пофали: Капиталните инвестиции за 10 години се зголемија од 260 на над 700 милиони евра

Благој Бочварски/ Фото: Фејсбук

Ако пред десетина години капиталните инвестиции беа 260-270 милиони евра годишно, во 2021 година достигнаа 385 милиони евра, што е подобрување од 100 милиони. Во 2022 година достигнаа 465 милиони евра, а минатата 2023 година достигнавме над 700 милиони евра за капитални инвестиции, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тоа, според него, значи развој на државата, изградба на патишта, железнички пруги, водоводи, канализации, социјални станбени згради и сѐ што значи развој и подобар живот за граѓаните.

Во врска со реализација на коридорите 8 и 10д, Бочварски кажа дека веќе има градежни активности, а течат и постапки за проектирање, експропријација. Исто така механизација и работа на терен има и на железничката пруга на Коридорот 8, од Куманово до Крива Паланка, инвестиција вредна 200 милиони евра.

Како што кажа тој, градежништвото сега доживува рестарт, а тоа е поради градежната реформа, и сега е шанса Владата да покаже дека инфраструктурата е приоритет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот