Блажевска-Еминова 29-та на 50 метри грбно на СП во Будимпешта

Миа Блажевска Еминова/фото: Национална пливачка федерација

Најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска-Еминова го освои 29 место на трката на 50 метри грбно на Светското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта, Унгарија.

Блажевска-Еминова делницата од 50 метри грбно ја исплива за 30.61 секунди, што беше за седум стоти делови од секундата послабо од нејзиното пријавено време.

На крајот, македонската пливачка до освои 29 место од 39 пријавени пливачки во оваа дисциплина.
Претходно, Блажевска-Еминова на СП во Будимпешта, постави нов македонски рекорд на 100 метри грбно со време од 1:04.11 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот