Благоја Чоревски е лауреат на наградата „Васил Иљоски“

Благоја Чоревски
Фото: Фејсбук, Центар за култура „Трајко Прокопиев“

Македонскиот актер Благоја Чоревски е лауреат на наградата „Васил Иљоски“ на годинашното 25. издание на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Фестивалот се одржува секоја година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Оттаму споделија дека наградата „Васил Иљоски“ ќе му биде врачена на Чоревски на самото отворање на фестивалот, кое ќе се одржи на 28 септември.

Благоја Чоревски е роден во Велес, на 9 септември 1947 година. Тој е син на доајенот на македонското глумиште Трајко Чоревски и актерката Ратка Чоревска. Неговиот брат Борис Чоревски е, исто така, истакнат македонски актер.

Дипломирал на Театарската академија во Софија во 1971 година. Истата година станал член на Драмскиот театар во Скопје.

Бил директор на Драмскиот театар од 1983 до 1998 година и заменик-министер за култура во Владата на Македонија од 1998 до 2001.

Покрај своите ангажмани на „даските кои живот значат“, Чоревски е познат и по своите улоги во „Исправи се, Делфина“, „Среќна нова ’49“, „Викенд на мртовци“, „Тетовирање“ и многу други телевизиски филмови и серии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот