Бизарната љубов на Салвадор Дали и Гала: Таа го направи и го уништи! (ФОТО) - Слободен печат

Бизарната љубов на Салвадор Дали и Гала: Таа го направи и го уништи! (ФОТО)

Дури 53 години траеше една од најконтроверзните приказни во историјата, приказната за ексцентричниот пар кој го сочинуваа еден моќен уметник и една ништо помалку моќна жена.

Кога прв пат се сретнале шпанскиот уметник и десет години постарата Гала, родена како Хелена Ивановна Дијаконова, таа била венчана со поетот Пол Елјар и била во врска со германскиот дадаист Макс Ернст, кој нејзиниот лик често го претставувал на своите платна. Била мајка, ја имала ќерката Сесил, за која многумина велат дека била отфрлена и игнорирана од страната на Гала.

Таа била и повеќе од блиска со голем број на надреалисти, а ги испирирала, покрај Елјар и Ернст, и Андре Бретон и Луј Арагон.

Profimedia

За легендарниот Дали, нивната прва средба била како удар од гром, судар за кој мечтаел и за кој знаел дека ќе промени се, а во една прилика го опишал и во својот дневник.

„На неа ѝ е судено да биде моја Градива, таа која ме турка напред, мојата победа, мојата жена“, пишувал уметникот.

Кога одличила да се омажи за младиот Салвадор Дали, тој бил само млад и сиромашен уметник. Наводно бил и невин, поради неговата наводна фобија од женските генеталии.

Profimedia

Дури откако Гала влегла во животот на Дали, тој посериозно пристапил кон својата работа и почнал, покрај сликарството, да истражува и други начини на изразување и материјализирање на својата уметност. Таа го советувала да слика како старите мајстори, со техника на масло, а на почетокот на 30-те години Дали почнал да ги потпишува своите дела и со свое и нејзино име, а тоа го објаснувал со зборовите:

„Главно поради твоја вина, Гала, ги правам своите слики“.

Прочитајте и...  Тајната на Викторија Бекам: Листа на најдобри и најздрави производи за блескава кожа

Нивната љубов била неограничена, дива и бизарна.

Profimedia

„Гала и јас правевме многу. Јас работев, а таа ми ги покажуваше градите, што ми беше огромна мотивација. Понекогаш ги мазев, а понекогаш цицав, тоа ми беше награда за добро направена задача. Ги обожавав тие наши мали игри, ѝ пишував песни во кои ја мразев и тепав и ја кинев облеката од неа, ја гребев и кубев, сето она што навистина сакав да ѝ го правам, а не можев“, изјавил тој.

Овој ексцентричен пар имал неколку тешки и трнливи години, за време на кои Гала патувала низ Шпанија обидувајќи се да ги продаде сликите на својот сопруг. Се се променило кога се одлучиле да се преселат во Америка, каде нивниот бизарен однос и творештвото на Дали наишле на бескрајно почитување. Неговите платна започнале да се продаваат дури во 1943 година, кога Рејнолд и Еленор Морс, пар од Колорадо, станале доживотни покрователи на овој каталонски и шпански надреалист. Набрзо, цените за сликите на Дали започнале да растат, а за се што не се однесува директно на уметноста и творењето, била задолжена Гала. Таа се занимавала со договорите, преговорите, сметките, со се што подразбирала реалноста.

Profimedia

Важен дел од приказната за овој несекојдневен пар е во страста која владеела помеѓу нив. Судејќи според бројните извори, либидото на Гала во голема мера управувало со нивниот однос и не се ограничувало со бракот. Имала и бројни љубовници, а Дали ја охрабрувал да ужива во своите вонбрачни врски имајќи во предвид дека не ја криел својата наклонетост кон кандуализмот. Особено ѝ се допаѓале млади уметници, па во своите подоцнежни години им нудела скапоцени подароци за да и се предадат. Всушност, имала многу богат и активен сексуален живот во своите 80-ти, кога се гледала со 60 години помладиот пејач и актер Џеф Фенхолт.

Прочитајте и...  Растение кое малкумина го користат: Целер - моќен борец против голем број сериозни заболувања

Ниту Дали не бил осамен, секогаш околу него се наоѓале млади жени, иако од нив ја сакал само нивната убавина. Дури 15 години бил со манекенката Аманда Лир, а со неа и сопругата патувал по светот и предизвикувал збунетост, неверување и шок. Во јавноста многумина претставувал како љубовнички, ги приредувал најбизарните оргии кои Америка ги видела, но никој не бил изневерен – со секој атом од своето битие сликарот ѝ припаѓал на Гала.

Profimedia

Нивниот бурен однос преполн со контрадикторности во еден момент излегол од контрола. Шпанецот станал насилен спрема сопругата, а во еден момент во налет на бес ѝ скршил 2 ребра. Нејзиниот љубовник Фенхолт раскажал дека сопругот ѝ го скршил и кукот. За да го смири, во тие моменти му давала големи дози на валиум и други лекови за смирување, за што многумина верувале дека влијаеле на неговото здравје. Кога имал 70 години, Дали се разболел од Паркинсова болест, поради што му било се потешко да слика. На Гала тоа ѝ паднало тешко, му зборела дека е бескорисен и дека без четка во рака не треба ни да постои. Од тој момент, сликарот непрестанато стравувал дека Гала ќе го напушти поради друг маж.

Прочитајте и...  Били Ајлиш откри зошто повеќе не ги чита коментарите на социјалните мрежи

После сите мачни сцени и судири, славната муза барала од својот уметник да ѝ го купи замокот Пубол и засекогаш да ја остави на мира. Тој се согласил на тоа, но излегло дека нејзиното заминување му паднало многу потешко отколку што очекувал. Гала му забранила да ја посетува и му рекла дека во Пубол може да влезе исклучиво само доколку од неа добие пишан повик.

Profimedia

Во јуни 1982 година, Гала починала на 87-годишна возраст. Во месеците пред својата смрт имала тежок грип и покажувала знаци на деменција. Дали после нејзината смрт потполно се повлекол во себе, а наводно се обидел два пати да изврши самоубиство – еднаш кога во неговата соба избувнал пожар чија причина останала непозната. Одбивал да пие вода и седел во темнините на Пубол, каде што била погребана Гала. Постојано го наоѓале како липа над нејзиниот гроб.

„Сакав својот ум да го доведам во таква состојба да можам да зборувам со неа, повторно да се сретнат некаде нашите микросветови. Кога не пиев вода, можев да ја видам, стоеше пред мене така пркосно како што само таа умееше, кошулата ѝ беше растргната, а десната дојка ми се смееше громогласно“, опишувал сликарот.

Instagram

Седум години траела најголемата мака која ја искусил во животот – животот без Гала. Престанал да јаде, се гребел по лицето, испуштал животински крици.

На 23 јануари наутро, додека на грамофонот ја слушал операта на Вагнер, Тристан и Изолда, неговото срце престанало да чука.

Прочитај повеќе

Овие 5 знаци се показател дека го трошите животот на погрешни работи!

Слободен Печат

По 35 години решена мистеријата на плочата на Бајага, програмерите го дешифрираа записот (ВИДЕО)

Слободен Печат

Уште една модна лекција од Меланија Трамп: Во овој фустан секоја жена изгледа преубаво! (ФОТО)

Слободен Печат

Кејт Мидлтон: Мачнините за време на бременоста постојат и во кралското семејство

Слободен печат

Топ 5 стајлинзи: Модна инспирација за сите генерации! (ФОТО)

Слободен Печат

Српскиот рокер конечно ПОТВРДИ дека е на лекување: Во животот пребродил многу здравствени проблеми…

Слободен печат

Остави Коментар

оне + Осумнаесет =

Прочитај повеќе

Моќта на стресот: Стравот предизвикува дијареја, а гневот главоболка

Слободен Печат

Откриена е причината зошто Елтон Џон се расплака и го напушти својот концерт пред неколку дена (ФОТО)

Слободен Печат

Прв арапски дизајнер примен во француското здружение на високата мода: Ели Сааб – омилениот дизајнер на познатите

Слободен Печат

Тајната на Викторија Бекам: Листа на најдобри и најздрави производи за блескава кожа

Слободен Печат

Нов гаф во кралското семејство: Официјалната интернет страница се претвори во страница за возрасни (ФОТО)

Слободен печат

Били Ајлиш откри зошто повеќе не ги чита коментарите на социјалните мрежи

Слободен Печат