БИЛЕТОТ МОРА ДА СЕ ИЗБРИЧИ ДО КРАЈОТ НА ВОЗЕЊЕТО: ЈСП го згреши албанскиот превод на новиот билет (ФОТО)

Билетите за едно возење во автобусите на ЈСП кои вчера беа пуштени во продажба по цена од 50 денари содржат cкандaлозни грешки во користењето на албанскиот јазик, пишува Алсат.

Во преводот на албански на билетот, зборот „се чува“ е помешан со зборот „се избричи“, па упатството на ЈСП добива апсурдно значење.

Тоа гласи: „Билетот е за едно патување. Билетот мора да биде валиден и да се избричи до крајот на возењето. Билетот што не е валиден се смета за неважечки. При контрола, билетот за верификација се дава на овластеното лице. Возењето со неважечки билет е казниво“

Од ЈСП признаваат дека не ја консултирале Агенцијата, туку помош за преводот побарале од тројца вработени во претпријатието, кои не се ниту преведувачи, ниту лектори, а го одобриле текстот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот