КОНЕЧНО: Од денеска може да се купи билет за едно возење во автобус

Конечно е пуштен билетот за едно возење. ЈСП денеска објави дека истиот може да се купи директно во автобус и во билетарниците на ЈСП.

Билетот чини 50 денари, хартиен е со вграден безконтактен чип, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори.

Цената на останатите видови билети останува непроменета. И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, билет валидиран преку картичките чини 35 денари, а билетот кој се плаќа со мобилен телефон е 40 денари.

„Веруваме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон“, велат од ЈСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот