Билетите за трката 24 часа Ле Ман распродадедни седум месеци пред стартот

EPA-EFE/YOAN VALAT

Идната година ќе биде одржано јубилејното 100. издание на познатата авто-трка на издржливост, а организаторот очекува над 260.000 гледачи

Билетите за јубилејното 100. издание на познатата авто-трка на издржливост 24 часа Ле Ман се распродадени, објавија организаторите. Стартот е за седум месеци, продажбата на билетите започна на 21 октомври, а беа распродадени за два месеци.

Натпреварот е закажан на 10-11 јуни. Лани организаторите пријавија дека трката ја гледале нешто повеќе од 244.000 гледачи. Рекордот на гледачи беше поставен во 2015 година, кога трката привлече 263.500 луѓе.

Но организаторите очекуваат ова јубилејно издание на познатата трка да биде повеќе посетено и да го собори рекордот од 2015 година.

Сепак, остануваат уште непродадени билети за слободните тренинзи, во средата, четвртокот и петокот пред трката.

Победникот од оваа извонредна трка ќе ја помине линијата на целта во 16 часот во недела на 11 јуни! Дали Порше, Ферари, Тојота, Пежо, Гликенхаус или Кадилак ќе го подигне уникатниот трофеј произведен од „Ле Моне де Пари“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот