Без проблеми за Галата и Селтик, еве ги двојките во плеј-офот за Лига Европа

Шкотскиот гигант Селтик ја доби првата битка против холандскиот АЗ Алкмаар/Фото: EPA-EFE/Bo Amstrup

Се одиграа сите реванш мечеви од третото квалификациско коло на Лига Европа, воглавно без изненадувања, а на последната пречка на патот кон групите во ова натпреварување ќе има доста возбудливи пресметки.

Галатасарај откако на домашен терен одигра само 1:1, вечерва во Шкотска триумфираше со 2:4 против Ст. Џонстон. После првото полувреме беше 1:1, Диањ после половина час игра донесе предност за турскиот клуб, а автогол во 39 минута си постигна Чипе. За период од шест минути во вториот дел гостите реализираа преку Актуркоглу и Фегули, а домаќините во самиот финиш само ја ублажија елиминацијата О`Халоран (90+4`).

Селтик и по вторпат беше подобар од чешкиот Јаблонец, овојпат со 3:0 на домашен терен и со вкупно 7:2 патува во плеј-офот. Шкотите на возвратниот дуел триумфираа со двата погодоци на Тернбул и еден на Форест.

Лига Европа 2021/22
Двојки, плеј-оф

Рандерс – Галатасарај
Рапид Виена – Зорја Луханск
Селтик – АЗ Алкмаар
Фенербахче – ХЈК
Мура – Штурм Грац
Омонија – Ројал Антверп
Олимпијакос – Слован Братислава
Ренџерс – Алашкерт
Славија Прага – Легија Варшава
Црвена звезда – Клуж

Првите натпревари од плеј-офот за учество во групната фаза на ЛЕ ќе се играат на 19 август, а реванш средбите една недела подоцна. Победниците ќе се најдат во групите на Лига Европа, а поразените во групите на новоформираното УЕФА натпреварување, Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот