Бертенс триумфира во Мадрид

EPA-EFE/Rodrigo Jimenez

Кики Бертенс ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид со победата во финалето над Симона Халеп во два сета.

Холанѓанката во двата сета беше подобра од Халеп со 6:4, 6:4 и по еден и пол час игра, стана првата тенисерка на турнирот во Мадрид која дошла до титулата без да загуби сет. Ова беше нејзин деветти триумф во кариерата и од понеделник ќе биде четврта на ВТА ранг листата.

Халеп прва направи брејк на стартот од натпреварот но потоа започна серија во која ниту една тенисерка не го освои својот сервис. Клучен гем во првиот сет беше деветтиот, во кој Бертенс направи брејк и потоа со сигурен сервис дојде до првиот сет.

Холанѓанката во ист ритам продолжи и во вториот сет, веднаш направи брејк, но Халеш возврати три гема подоцна. Меѓутоа, Бертенс прави рибрејк со што дојде до 3:2 и предноста ја задржа до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот