Белград, Ниш и Ужице со 50 отсто вакцинирани
Директорот на владината Канцеларија за е-управа Михаило Јовановиќ изјави денеска дека во Србија досега се дадени 3.830.000 дози вакцини, од кои 2.170.000 се први дози, а 1.000.660 се втори дози, додека се проценува дека 1.380.000 лица се имунизирани. Белград, Ниш и Ужице што преминува 50 отсто од вакцинираните, јави дописникот на МИА од Белград
Јовановиќ за РТС изјави дека не постои дефиниција кога се стекнува колективен имунитет. Тој додаде дека целта е прво да се достигне 50 отсто од имунизираните над 18 години, а потоа да се имунизираат три милиони граѓани.
-Вакцинацијата продолжува со одлична динамика. Граѓаните можат да се вакцинираат на два начина: да се регистрираат преку веб-страницата за е-Управа или да одат на пункт и да се вакцинираат со каква било вакцина без закажување, истакна Јовановиќ.
Тој оцени дека резултатот од вакцинацијата во трговските центри е одличен. Во моментов вакцинацијата се одвива во шест трговски центри во Србија, а за неколку дена вакцинирани се 6.000 лица.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ изјави за ТВ Хепи дека е време Белград да се врати во нормален живот. Според него 500.967 полнолетни граѓани во Белград се ревакцинирани, што е 36 отсто од од полнолетната популација.
Тој наведе дека во Белград треба да се вакцинираат уште 60.222 лица со цел точно половина од граѓаните да бидат заштитени.
Во Србија препорачано е тинејџерите на возраст од 16 и 17 години, кои се означени како „супер носители” на вирусот, да можат да се вакцинираат на сите места за вакцинација со претходна консултација со нивниот педијатар и со вакцината Фајзер-Бионтек, изјави вчера државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек.