Белгиски велосипедист загина на трката во Полска

twitter.com/TimBonvilleGinn

Велосипедист Ламбрехт на третата етапа од Хорзов до Забрзе, а на 40 километри од етапата Белгиецот доживеа тежок пад и со тешки повреди на главата беше префрлен во болница.

22-годишниот натпреварувач им подлегнал на повредите, а неговиот тим после оваа трагична вест се огласи на социјалните мрежи.

-Се случи најголемата можна трагедија која можеше да му се случи на семејството, пријателите и колегите на Бјорг од екипата. Почивај во мир Бјорг.

Ламбрехт беше еден од оние кои најмногу ветуваа откако триумфираше во трката до 23 години на релација Лиеж-Бастоњ-Лиеж во 2017 година.

Ја имаше својата втора сезона на Светската турнеја, лани заврши на второто место на Светското првенство за натпреварувачи до 23 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот