Белгија го надмина прагот од 6 илјади смртни случаи

Речиси половина од смртните случаи се во старечки домови.

Белгиските здравствени власти информираа дека според последните информации од дневниот брифинг на кризниот штаб за коронавирусот во последните 24 часа се потврдени нови 933 случаи на заболени, хоспитализирани се нови 263 пациенти во болниците низ земјата, а починати се 266 лица.

Вкупниот број починати од почетокот на пандемијата во Белгија изнесува 6.262. Нешто помалку од педесет отсто од починатите се во старечките домови.

Министерството за здравство смета дека пикот на смртност е надминат на 12 април.

-Бројките се охрабрувачки, не треба да брзаме, треба да продолжиме да ги почитуваме мерките до трети мај, нашето однесување денес ја одредува нашата иднина. Колективните напори вродија со плод, но овој вирус е жилав и мораме да останеме мотивирани, изјави портпаролот на штабот, Беноа Рамакер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот