Барти за прво финале на „Вимблдон“ против Кербер

epa09326079 Ashleigh Barty of Australia reacts during her quarter final match against compatriot Ajla Tomljanovic at the Wimbledon Championships in Wimbledon, Britain, 06 July 2021. EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL USE ONLY

Денеска ги дознавме полуфиналните двојки во женска конкуренција на грен слем турнирот „Вимблдон“, првата носителка Ешли Барти продолжува со успешните настапи во Лондон.

Во австралиското четвртфинале успеа да ја совлада Алја Томљановиќ со резултат 2:0 во сетови 6:1 и 6:3 за еден час и осум минути игра.

Барти ќе го брка своето прво финале на „Вимблдон“ против Германката Анџелик Кербер која со 2:0 триумфираше над Каролина Мухова од Чешка.

Втората носителка Арина Сабаленка од Белорусија ја оправда фаворитската улога против Тунижанката Унс Џабур со 6:4 и 6:3.

Сабаленка во полуфиналната фаза ќе игра против Каролина Плишкова од Чешка која беше подобра од Викторија Голубиќ (Швајцарија) двапати со 6:2.

Крај за Медведев, Ѓоковиќ останува на врвот и после „Вимблдон“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот