Барти и Плишкова во четвртфиналето во Рим

epa09179103 Ashleigh Barty of Australia in action against Petra Kvitova of Czech Republic during the women's Mutua Madrid Open quarterfinal match in Madrid, Spain, 05 May 2021. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Првата тенисерка на ВТА ранг листата, Ешли Барти обезбеди пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Рим откако во третото коло ја совлада 28. тенисерка на светот Вероника Кудерметова со 6:3,6:3 за 79 минути игра.
Нејзина следна противничка во четвртфиналето ќе биде американската тинејџерка Коко Гоф која приреди изненадување со победата над Арина Сабаленка 7:5,6:3.
Сигурен настап имаше и Каролина Плишкова која со 2:0 ја совлада Вера Звонарева како и Елена Свитолина која исто така во два сета ја елиминира Гарбине Мугуруза.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот