Барселона во сè полоша ситуација, a Лапорта најави уште неколку засилувања!?

epa09232928 President of FC Barcelona Joan Laporta addresses a press conference in Barcelona, Spain, 28 May 2021. It was Laporta's first press conference since he took over as president of the club in March. EPA-EFE/Andreu Dalmau

Првиот човек на каталонскиот клуб, повратникот на функцијата Жоан Лапорта ги разјасни работите, дека тој и неговиот тим одлучуваат, но проблемот е во сегашната ситуација.

– Дури е полошо отколку што мислев, има големи загуби, трошоците се поголеми од приходот, плус ситуацијата околу високите договори нè принудува да направиме кратења и некои непопуларни избори. Не можам да разберам дека ова е вака направено и не ја исклучувам можноста судовите да се позанимаваат со тоа – се зборовите на незадоволниот Лапорта со критики кон поранешната администрација.

Неколку лица од спортскиот сектор веќе се отпуштени, навивачите секако повеќе ги гледаат засилувањата, досега пристигнаа Кун Агуеро, Ерик Гарсија, Мемфис Депај и Емерсон Ројал, а Матео Алемани е првиот човек кога станува збор за трансферите.

ФОТО: Барса со Депај и Агуеро ќе има страшен напад!

Жорди Кројф од Кина исто така ќе се врати да помогне, а претседателот најави уште три-четири нови играчи на „Камп Ноу“.

Тоа зависи од продажбата на прекубројните, а таа листа е долга. Од Умтити, Пјаниќ, преку Брајвејт, Тринкао, можеби и Дембеле и Серхи Роберто доколку не ги продолжат договорите под условите на клубот. Има повеќе кандидати за заминување, но што може да донесе Барса?

Како прво, им треба играч од средниот ред, во изминатиот период им „избега“ Џорџино Вајналдум кој одлучи да се пресели во ПСЖ.

– Постојат државни клубови кои можат да си го дозволат секој играч, некој мора да се погрижи за тоа – вели Лапорта, алудирајќи на ПСЖ, па дури и на Манчестер сити.

Што се однесува до Сити, од Англија пристигнуваат вести дека нема да го продадат Бернардо Силва, а градскиот ривал Јунајтед, доколку Пјаниќ оди во Јуве или Челси, може да го испрати Дони ван де Бек кај Куман, што на крајот би бил друг Холанѓанец во клубот. Во тек е Европското првенство, одлични партии има и италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели, можеби за Куман би бил прескап (35 милиони евра), но сè е можно доколку го продаде Пјаниќ.

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Што се однесува до опцијата дефанзивец, заминувањата на Ленгле и Умтити сигурно би значело пристигнување на нов централен дефанзивец, се зборуваше за Де Лихт, замена за Дембеле и Пјаниќ, но сето тоа е во сферата на шпекулациите, Јувентус нема намера да го продаде одбранбениот фудбалер.

Нападот е комплетиран со Депај, можеби недостасува еден десен бек, од враќање на Белерин се откажаа, па така Мингеса може да има поголема минутажа, а од другите играчи од вториот тим Мориба може да добие шанса кај Куман.

Сè на сè, во каква и ситуација да се најде, Барса е активна на трансфер пазарот, ќе видиме како ќе изгледа наесен, а многумина сепак сметаат дека Куман е најслабата алка.

Видео на денот