ФОТО: Барса со Депај и Агуеро ќе има страшен напад!
Како што е веќе познато Барселона го промовираше и холандскиот репрезентативец Мемфис Депај како ново засилување од следната сезона.
Се исполни личната желба на Роналд Куман, нема сомнение дека 27-годишниот играч ќе има клучна улога во составот од „Камп Ноу“.
Барса сериозно се засилување пред почетокот на новата сезона, потсетување дека претходно Каталонците го ангажираа и Серхио Агуеро кој досега ги бранеше боите на Манчестер сити.
Странските медиуми веќе објавуваат како би изгледал стартниот состав, напомена дека Лионел Меси за 10 дена му истекува важечкиот договор со клубот, наскоро треба да одлучи за својата иднина, дали ќе остане или не.
– Тер Штеген, Алба, Араухо, Мингеса, Дест, Педри, Де Јонг, Депај, Гризман, Меси, Агуеро.
Лавот пристигна на „Камп Ноу“: Депај и официјално нов член на Барселона