Барса со македонскиот кошаркарски талент Симиќ во Евролигата (ФОТО)

Фото: твитер

Како што стои на официјалниот веб сајт на Евролигата, нашиот млад играч е регистриран во составот на каталонскиот клуб за натпреварите во најсилното клупско натпреварување на Стариот континент.

Теодор Симиќ (роден 2004 год., висок 214 см.) кој игра на позицијата центар, станува збор за еден од нашите најперспективни кошаркари

Барса ја стартуваше новата сезона во Евролигата со домашен триумф над ЦСКА Москва (Русија) со 76:66, а вчера загуби на гостувањето кај рускиот Зенит (74:70).

Фото: принтскрин/euroleague.net

Нашиот играч не беше во ростерот за тие два меча, па останува да се види кога и дали тренерот Шарунас Јасикевичиус ќе му даде шанса на Македонецот да настапи во другите евролигашки дуели.

Во текот на минатата сезона Симиќ играше за У18 тимот на Барселона во младинската Евролига во група со Гран Канарија (Шпанија), АСВЕЛ (Франција) и Тофаш (Турција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот