фото: ФФМ

Барбарез пред мечот во Сараево: Македонија е многу сериозен противник со нов селектор

В петок, 29 мај, со почеток од 20.30 часот во Сараево, најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе игра пријателски натпревар против селекцијата на Босна и Херцеговина.

За Босанците тест пред нивниот настап на Мундијалот, а за избраниците на селекторот Гоце Седлоски подготовка пред натпреварите од Лигата на нации што ќе стартува во септември.

Босанскиот селектор Сергеј Барбарез на прес-конференција ги сподели очекувањата пред утрешниот контролен дуел со Македонија:

– Македонија е многу сериозен противник со нов селектор и ова е секако важен натпревар за нив, тие дефинитивно ќе се обидат да го добијат мечот, исто како и ние. Не може да напаѓате или да се браните цели 90 минути. Дефинитивно ќе ги координираме и нападот и одбраната. Овој натпревар е можност да видиме сè, да им дадеме на сите барем половина натпревар, и тоа е идеја. Да се ​​одморат некои играчи кои имаат мали проблеми, а да не се преземаат ризици. Тоа е сериозен натпревар, и нема сомнение за тоа – се зборовите на Барбарез.

Ова ќе биде шести пријателски натпревар меѓу БиХ и Македонија, трипати ремизиравме (1:1, 4:4, 2:2), имаме една победа од 1:0 на 18 февруари 2004 година, а Босанците славеа со истиот резултат на 29 март 2000 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот