Барадар: Не сум мртов, нема расправии меѓу талибанските лидери

Абдул Гани Барадар, основачот на Талибанците / Фото: EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO

Шефот на политичката канцеларија на талибанското движење и вицепремиер на привремената влада во Авганистан, Мула Абдул Гани Барадар, ги отфрли извештаите за несогласувања меѓу талибанските лидери.

„Не сум мртов и нема кавги меѓу водачите на Исламскиот емират на Авганистан. Имаме таква почит меѓу себе што ретко кое семејство може да се пофали со тоа. Ги повикуваме нашите луѓе да не бидат измамени од неточни извештаи во некои медиуми и бараме од новинарите да престанат да шират дезинформации”, рече Барадар, кој моментално се наоѓа во Кандахар

Неколку локални и странски медиуми објавија дека Барадар имал конфликт со Халил ур-Рахман Хакани, министерот за бегалци, околу составот на привремената влада.

Медиумите наведуваат дека Барадар бара инклузивна влада која ќе вклучува претставници на различни етнички и верски групи, како и жени. Барадар не беше дел од талибанската делегација што се состана со вицепремиерот на Катар и министерот за надворешни работи, шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, на 12 септември.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот