Бањаја ја освои пол-позицијата за Големата награда на Чешка
Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ја освои пол-позицијата за спринтот и главната трка на Големата награда на Чешка во шампионатот Мото ГП.
Препорачано
Бањаја ја освои својата прва пол позиција оваа сезона на патеката во Брно со време од 1:52.303.
Возачот на Дукати, Марк Маркез, беше блиску до освојување на пол-позицијата, но падна од моторот во последниот обид, завршувајќи на второто место, со заостанување од 0,219 секунди.
Фабио Квартараро од Јамаха го освои третото место, со заостанување од 0,305 секунди зад победникот во квалификациите.
Спринт трката за Големата награда на Чешка ќе се одржи денеска од 15.00 часот, додека главната трка е утре од 14.00 часот. Марк Маркез е водечки во генералниот пласман со 344 поени, по него следуваат Алекс Маркез со 261 и Бањаја на третото место со 197.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7час
-
7час
-
10час
-
10час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


