Бајиќ пред мечот со Шпанија: Сум победувал со многу полоши тимови

бајиќ
Македонскиот селектор Драган Бајиќ го респектира светскиот шампион Шпанија/Фото: kfsm.mk

На првата прозивка на напито сениорски национален тим, селекторот Драган Бајиќ потенцира дека пласманот во квалификациската рунда радува. Но, и дека во квалификациите за Светскиот Куп пред нас стојат и тоа како сериозни ривали кон кои мора да се гледа со максимален респект.

Но, и тоа дека и не треба да се преценуваат, затоа што искуството на предводникот на нашиот национален тим во минатото, му донело многу големи победи со ривали кои биле послаби на хартија.

– Ако се вратиме малку назад и во тие претквалификации кои сме ги имале, многу ни значи што успеавме да се пласираме во главниот квалификациски круг.

По моето доаѓање најавив дека ќе го подмладуваме тимот и истовремено ќе се бориме да имаме подобри резултати. Овој циклус, со вакви звучни имиња, сигурно добро ќе му дојде на тимот и на оваа селекција за следниот период. Го пропуштивме претходното ЕП, но се надевам дека ќе играме понатаму. Имаме сериозни ривали како Шпанија, Грузија, Украина. Нема да биде лесно, но јас сум човек-оптимист и верувам во она кое го работам. Во кариерата сум победувал посилни со многу полоши тимови  – вели Бајиќ по првиот одработен ден во СЦ „Јане Сандански“.

Селекторот вели дека на првиот меч против Шпанија, на 26 ноември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, многу битна ќе биде самодовербата.

– Во првиот натпревар против Шпанија мора да влеземе со голема самодоерба и мотивација затоа што се носи дресот со државниот грб и ако ни се даде шанса, да изненадиме. Мора да бидеме реални, Шпанија со било кој тим да дојде, мора да имаме максимален респект кон тој ривал. Во ростерот се играчи кои играат во големи клубови. Но, мора да веруваме во нас и се надевам дека публиката ќе дојде во голем број и ќе биде наша поддршка – вели Бајиќ пред дуелот во петок, против актуелниот светски шампион – Шпанија.

Повеќе околу цената на влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот