Бајиќ: Чест е да се биде селектор на Македонија

Драган Бајиќ денеска и официјално е претставен како нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.
Актуелниот тренер на Игокеа доаѓа на местото на Александар Тодоров на кого Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), одлучи да му се заблагодари по неуспехот во квалификациите за ЕП 2022 година.

– Во текот на минатата седмица договоривме соработка со Бајиќ, верувам дека направивме прав избор за селектор кој ќе го крене нивото на репрезентацијата со своето знаење и искуство. Ова е договор на подолги патеки, минимум на четири години – вели директорот на КФСМ, Тодор Гечевски.

Бајиќ е тренер на најголемото изненадување во АБА Лигата, Игокеа, а со челниците на КФсм е договорена долгорочна соработка која треба да резултира со учество на големо натпреварување. – – – Пред се благодарност до луѓето од федерацијата за укажаната доверба. За секој тренер е чест да биде селектор на една репрезентација, јас ја имам честа да станам селектор на Македонија. Мило ми е што луѓе како Антиќ и Гечевски, кои како играчи имале врвни тренери, сега се решија да ме изберат токму мене за нов селектор. Доаѓам со голема енергија и желба, да направам големи работи. Би сакал да останам десет години, ако тоа се случи ќе значи дека сме направиле добри резултати во овој период. Оној мој темперамент е таков да се обидам од секој играч, при тренинзите и натпреварите, да биде најдобар што може. Она што како тренер го барам, мораме сите да бидеме како семејство, да дишеме како едно, бидејќи само тоа е патот кон успехот –  изјави Бајиќ.

Новиот селектор најави подмладување на репрезентацијата.
– Неиграњето на Војдан секако е проблем, верувам дека е време за подмладување на репрезентацијата. Тоа нема да значи дека им ја затвораме вратата на поискусните, секој играч ќе биде повикан, ќе има можност да се докаже. Кај мене нема да играат имиња и презимиња, ниту пак деца само затоа што се млади. Ќе барам максимално залагање на секој тренинг, тоа е единствениот начин да се докажете кај мене дека заслужувате да се најдете во тимот – порача Бајиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот