Автобуските превозници ги враќаат меѓународните линии

Илустрација автобуси/ Архива

Се очекува постепено враќање и на патниците на меѓуградските линии во внатрешниот сообраќај од кои дел беа исто така со забрана за движење, а и останатите се користеа многу малку. Засега функционираат 30 проценти од меѓуградските линии.

Од Автобуската станица во Скопје преку која транзитираат автобусите на меѓународниот линиски превоз веќе имаат најава од превозниците од Србија за враќање на линиите со нормална фрекфенција и оти очекуваат тоа да го направат превозниците и на линиите во други држави. Истото се очекува тоа да го нсторат и превозниците кои одат за Бугарија и за Албанија, како и за Австрија и Швајцарија, а за другите држави превозниците се чека официјална информација кои се условите за влез во тие држави.

При превозот на патниците во автобускиот превоз се задолжителни пропишаните мерки за заштита во услови на пандемијата со КОВИД. Мора да има средства за дезинфекција пред влез во автобус, а секој патник да биде со маска при патувањето. Во тек на вонредната состојба со Уредба беше дефинирано да се превезува само со 50 проценти од капацитетите, односно двојно помалку, а во текот на денешниот ден очекуваат прецизирање на уредбата по тој основ.

Од Асоцијацијата на превозници „Исток” велат дека поради состојбата со пандемијата и рестрикциите засега се активни 30 проценти од постоечките линии.

Контролите на Државниот инспекторат за транспорт за периодот од 10 до 16 месецов покажаа дека меѓуопштинскиот сообраќај се уште е намален за околу 90 процети, а тој транспорт што се реализира, генерално е со почитување на владините уредби, одлуки и протоколи.

Од направените контроли на автобуските станици во неколку градови низ државата е утврдено дека се почитува владината одлука за 50 проценти намален капацитет, односно за преполовен број на патници.

Транспортниот инспекторат забележал 13 прекршувања на уредбите и протоколите, од кои три кај посебниот меѓуопштински линиски превоз  за вработени во правни лица во Општина Штип и уште по едно прекршување кај на превоз со таква намена за правни лица во Кавадарци и во Скопје.  Осум прекршувања се однесувале на превоз без дозвола за меѓународен линиски превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот