Австралијанец преживеал напад на крокодил со тоа што му го гризнал очниот капак

Фото: Пекселс/ pixabay

Австралиски фармер вели дека е среќен што е жив откако се одбранил од крокодил каснувајќи го, објави „Би-би-си“.

Колин Деверо бил во болница еден месец откако бил каснат од слатководен крокодил од 3,2 метри. Тој за „Еј-би-си њуз“ (ABC News) опишал како преживеал гризејќи го очниот капак на животното.

Неговата битка за живот и смрт се случила минатиот месец во притоката на реката Финис во која влегол за да фати риба. Во тој момент крокодилот му скокнал на ногата и го затресол како кукла, изјавил Деверо.

“Беше многу непријатна ситуација. Случајно му го фатив очниот капак со забите. Беше многу тешко, како да гризев кожа. Почнав да го кинам, а тој ме пушти”, рекол фармерот кој успеал да стигне до автомобилот.

Со крпа и јаже го запрел крварењето од ногата, а брат му го пренел во болницата оддалечена 130 километри.

„Да ме гризеше за друг дел од телото, сѐ ќе беше поинаку“, изјавил Деваро.

Според локалната власт, крокодилите се заштитен вид и како туристичка атракција се важни за тој дел од Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот