„Австралија опен“: Се предаде ривалот на Алкараз, Азаренка преку Остапенко до осминафинале

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше водство од 6:1, 6:1 и 1:0, а потоа поради повреда 18-годишниот Кинез Јунчен Шан го предаде мечот.

Противник на Алкараз во осминафиналето на грен слем турнирот „Австралија опен“ ќе биде Србинот Миомир Кецмановиќ кој во пет сета 6:4, 3:6, 2:6, 7:6 (7) и 6:0 го елиминираше Американецот Томи Пол.

Во следната фаза оди и Артур Казо, кој претходно го исфрли Холгер Руне од турнирот, овојпат триумфираше и над Холанѓанецот Талон Грикспор (6:3, 6:3, 6:1).

Казо ќе се обиде да биде првиот тенисер од Ник Кирјос на „Вимблдон 2014“ кој со специјална покана стигнал до четвртфинале на грен слем, а на тој пат ќе му стои Полјакот Хуберт Хуркач.

Во женска конкуренција Викторија Азаренка обезбеди осминафинале откако со 6:1 и 7:5 ја надигра Јелена Остапенко од Летонија.

Азаренка во следната фаза ќе игра против квалификантката Дајана Јастремска која го израмни својот најдобар учинок на грен слем турнирите со победата против Ема Наваро од САД (6:2, 2:6, 6:1).

Место во осминафиналето обезбеди и Ана Калинскаја која по два часа и 45 минути борба ја совлада Американката Слоун Стивенс со 6:7(8), 6:1, 6:4. Следна противничка ќе ѝ биде Италијанката Јасмин Паолини, која со 7:6(1), 6:4 ја елиминираше Ана Блинкова.

Во францускиот дуел Осеан Доден беше подобра од Клара Бирел со 6:2, 6:4 и во осминафиналето ќе игра против Жанг Чинвен од Кина кој победи против сонародничката Ванг Јефен со 6:4, 2:6, 7:6 (8).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот