„Аватар“ влезе во историјата: Филмот на Џејмс Камерон заработи најмногу, надминувајќи го и „Одмаздници“

Фото: Јутјуб/Принтскрин

Дојде до промена на првото место од листата… „Аватар“ стана филм кој досега најмногу заработил во историјата, па така тој на првото место го замени блокбастерот „Одмаздници: Крајот на игрите“ (Avengers: End Game). Имено, филмот на режисерот Џејмс Камерон (Аватар) повторно е прикажан во Кина, во петокот на 12 март.

Се проценува дека „Аватар“ сега има бруто заработка од 2.802 милијарди долари, што е за околу 5 милиони долари повеќе од „Одмаздници“.

„Горди сме што го остваривме овој голем подвиг, но Џим (Џејмс Камерон) и јас највеќе сме воодушевени што филмот се врати во кино-салите во текот на ова невидено време и сакаме да им се заблагодариме на нашите кинески фанови за поддршката. Вредно работиме на следните филмови за „Аватар“ и се радуваме што ќе го споделиме продолжението на оваа епска приказна во годините кои доаѓаат“, изјави продуцентот Џон Ландау.

Режисерите на филмот „Одмаздници: Крај на игрите“, Џо и Ентони Русо и честитаа на екипата на „Аватар“ за успехот.

„Ви ја враќаме ракавицата назад“, напишаа тие на Инстаграм.


Како што е веќе познато, на големо се работи на филмот „Аватар 2“, кој премиерно би требало да биде прикажан на 16 декември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот