АУДИО: Џафери ги загуби нервите, извикува вулгарности кон собраниските службеници

Снимка од денешната пленарна седница на Собранието, на која се слуша како претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, со вулгарности и висок тон им се обраќа на собраниските службениви, вечерва се појави на социјалните мрежи.
Снимката е извадок од преносот на седницата на Собранискиот канал на МРТВ, а во објавите на социјалните мрежи се вели дека таа е направена по завршувањето на седницата. Собранискиот спикер веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот сѐ уште трае.
„Сите од служба, конкретно од седници, веднаш кај мене, сите позади што седат сите до еден, вие што сте на плата и уште си е.авате мајка овде. Што бараш бе ти овде, ајде бегај таму, бегај, излези!“, извикува Џафери на снимката, пред уште повеќе да го повиши тонот.
Командант Форина до службениците: 👉Си ебавате мајката тука! pic.twitter.com/R5tMyGL2TK
— @Soleimani (@Soleimani_QUDS) May 12, 2022
На објавената снимка, вечерва реагираше ВМРО-ДПМНЕ.
„Скандалозен и примитивен е односот на Талат Џафери, пцовките и навредите за вработените се недозволиви, оставка веднаш! Кога крими-коалицијата СДСМ и ДУИ нема аргументи, деспотот од Форино станува нервозен“, велат од партијата.
„Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во Собранието“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Собранието од завчера е под „активна блокада“ од опозицијата, што донесе многу тензични ситуации во изминатите два дена.