ВИДЕО: Тензии и викање во Собранието, изгласан дневниот ред, натегањето продолжува утре

Фото: МРТВ/принтскрин

Со 61 глас „за”, 39 „против” и без „воздржани” Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера, кога и започна блокадата на законодавниот дом од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен.

Откако Џафери ја продолжи седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13 – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот