АТП тврди дека ќе ве насмее: Ги имитираше Ѓоковиќ, Мареј, Федерер..! (ВИДЕО)

фото: твитер

Без топчиња, само со рекетот ги имитираше нивните движења, сервиси, удари во текот на мечевите, на пример нешто повеќе секунди тапкаше замислено топче во стилот на Ѓоковиќ.

Шпанецот Андрес Караско со играње на тенис успеа да заработи 200 долари, но во меѓувреме започна да се занимава со имитации во карантин поради коронавирусот.

Во овој период на домашна изолација АТП на својот Твитер профил тврди дека овој 34-годишен човек ќе ве насмее..

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, потоа Енди Мареј, Рожер Федерер, Давид Ферер, Лејтон Хјуит, Енди Родик, Ник Кирјос, Пит Сампрас и Карлос Моја се играчите кои се најдоа на листата на Караско.

Без топчиња, само со рекетот ги имитираше нивните движења, сервиси, удари во текот на мечевите, на пример нешто повеќе секунди тапкаше замислено топче во стилот на Ѓоковиќ.

Самите проценете колку навистина добри ги имитира едни од најдобрите во тенисот, фановите кружеа и едно прашање низ социјалните медиуми, каде е неговиот сонародник Рафаел Надал, зошто го нема тој меѓу имитациите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот