6 C
Скопје

Арсовски: Рускоска и Јовевски да отворат истрага за злоупотребата на европски пари

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски побара од Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат истрага за случајот со директорката на Националната агенција за за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова.

„Поминаа точно четири дена откако Љупчо Николовски најави дека ќе побара оставка од Лидија Димова.

Еве и после четири дена, ниту Николовски побара оставка, ниту пак Лидија Димова даде оставка.

Како што и рековме, класичен театар за замајување на јавноста од генералниот проблем, а тоа е криминалот и корупцијата кои што дивеат во оваа влада.

Јавното обвинителство се уште нема отворено случај за сомнежите за криминал во Националната агенција.

Кога планираат Вилма Русковска и Љубомир Јовевски да отворат случај за сомнежот за проневера на над 20.000 евра пари кои што фалат од благајната од Националната агенција за кое што има и јавно сведоштво од страна на благајникот кој што работел во Националната агенција? Притоа парите биле земани со факсимил на Лидија Димова.

Кога Лидија Димова планира да ги објави бодувањата и рангирањата на проектите за кои што се доделени сериозни пари?

Кога Лидија Димова планира да ги објави крајните контрактори каде завршиле парите од проектите кои ги доби братот на Диме Велковски и познатата фризерница од Аеродром? Притоа станува збор за некаде околу половина милион евра.

Прочитајте и...  Нови 824 случаи на ковид -19, починаа 31 пациент, најмладиот има 38 години

Имаше сомнеж дека се перат пари преку проектите кои ги дели Лидија Димова на своите кафеански пријатели. Кога планираат институциите да го истражат тоа?

Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка. Начинот на работа на Владата на СДСМ е единствено криминален и никако поинаку.

Сите работат по примерот на Зоран Заев. Криминал, криминал и само криминал и многу корупција.

За ова мора да има одговорност и оставки уште веднаш.

Прашање: Коментар на ВМРО-ДПМНЕ за алармантната состојба во Македонија со КОВИД-19?

Одговор: Ситуацијата во државава со КОВИД-19 навистина е алармантна и прогресира многу загрижувачки. Секојдневно процентот на позитивни во однос на тестирани е над 20%, вклучително тоа е тренд кој што трае наназад цела седмица, што е навистина загрижувачки. Бројката на смртност е исто така алармантна и загрижувачка. Достигнува дури и до десетина починати на ден, што трае и никако не прекинува. Оваа Влада по однос на ова прашање, најсериозното прашање можеби во моментов во државата, едно од најсериозните е крајно дезориентирана и навистина не знае како да се справи со целата ситуација. Наместо да ги заштити граѓаните, се повеќе ги изложува на ризик, вклучително би сакал да потсетам и на една од последните одлуки кои што ги донесоа Венко Филипче, Зоран Заев и Владата, а тоа е да хронично болните бидат принудени од страна на Владата да одат на своите работни места среде пандемија која што го достигнува можеби и пикот од почетокот до сега. Во моментов, Комисијата за заразни болести е партиска како што имаме заклучено неколку пати наназад во нашите коментари, и очигледно работат според желбата на Владата, а не според своите докторски капацитети да проценат самите. И затоа уште еднаш повикуваме да биде променета, да биде заменета со луѓе кои што нема да бидат партиски назначени од СДСМ, од Зоран Заев и Венко Филипче, туку луѓе кои што навистина ќе знаат да донесат мерки и да се справат со целата ситуација.

Прочитајте и...  Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Прашање: Кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Заев за лидерската средба?

Одговор: Мора да признаеме дека Зоран Заев е лицемерен човек, кој не го интересираат граѓаните и нивните интереси. Се однесува мафијашки во секој поглед, ги лаже граѓаните и воопшто око не му трепнува за она што ги излажал, односно за целото негово криминално и девијантно однесување. Лидерска средба која што беше иницирана од страна на претседателот Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ е неопходна од секој аспект за целата ситуација во државава, бидејќи очигледно трокираме на буквално секое поле во државата, а кое што е важно за граѓаните и државата. Дали тоа е надворешен план, економски, на здравствено поле, или на полето на образованието, ние крахираме и трокираме буквално во секој поглед. Затоа Заев наместо да ги решава сите овие работи и да седне на лидерска средба, бидејќи очигледно ниту е способен, ниту пак може да се справи со целата ситуација, нему воопшто не му е гајле за интересите на граѓаните и државата туку единствено му се важни само интересите на неговото потесно семејство, а тоа се семејните бизниси и нивниот профит, и семејните лиценци за марихуана. Затоа и бега од лидерска средба од едноставна причина, затоа што таму ќе му падне во вода секоја лага и ќе мора отворено на лидерската средба да разговара на секоја тема со лидерите на другите партии, за жал што и секоја тема ја носи во пропаст истиот тој Зоран Заев кој што е против националните интереси и работи против граѓаните.“, соопшти Арсовски.

Прочитајте и...  Силен земјотрес ги погоди грчките острови

Поврзани вести

Вучиќ: Србија ќе биде велесила во производството на вакцини

Слободен печат

Лекарот на Навални предупреди дека неговото здравје се влошува

Слободен печат

ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Слободен печат

Чешка протера 18 руски дипломати, обвинети се дека работеле за специјални служби

Слободен печат

Вучиќ за нон – пејперот на Јанша: Ниту сум видел мапа, ниту пак план – се залагам за постојните граници

Слободен печат

Веља Невоља и Месар во паника: Пронајдена ДНК трага од нивна жртва – мислеа дека ако „нема тело – нема дело“

Слободен печат

Остави Коментар