Арсовска повикана во полиција за случајот со запалениот автомобил на директорката на ССК

Данела Арсовска / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Веќе подолг период, извршната директорка и првиот човек на ССК, Трајан Ангелоски, кој ја презеде раководната позиција во Комората по изборот на Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје се соочиле со разни притисоци и закани по нивниот живот и животот на нивните семејства, пишува „Фокус“.

На крајот на февруари, заканувачка порака напишана со црвен фломастер на лист хартија и оставена во автомобилот ја пречекала извршната директорка на Сојузот на Стопански комори, Христина Стојановиќ. Неколку часа подоцна, возилото на директорката било запалено.

Според првите луѓе на ССК, од нив се барало да се повлечат од раководните функции, па дури им биле дадени рокови и ултиматуми до кога треба да го направат тоа. Како наводни причини за да се бара оставка од новото раководство, според информациите на „Фокус“, е ревизијата, кои тие ја започнале врз сомнителното работење во институцијата со која управуваат.

Веќе три месеци, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство го истражуваат случајот со запаленото возило на извршната директорка. Пожарот беше подметнат на 25 февруари, еден час по полноќ.

За овој случај и двете надлежни институции веќе отвориле предмети, а на разговор на 12 мај годинава, според МВР, во полициска станица била повикана и актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот