Арсова е првата Македонка која се искачи на највисоките врвови на сите континенти
Нашата алпинистка имаше едно незаборавно искуство кое го круниса со реализирањето на проектот седум врвови на седум континенти.
Илина Арсова e првата Македонка која успеа на 28 декември co својот тим да се искачи на врвот Винсон.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Целиот тим уживаше во фантастично време, ладно, но чисто без ветрови и многу силно ги искачија високите 4.892 илјади метри.
Сите се чувствуваат добро, со исхрана и вода, и безбедно се спуштија до базниот камп.
– Мисијата 7 врвови е завршена! Македонското знаме на врвот Винсон 4892м на Антарктикот со ладни раце, но топло срце.
Со ова искачување станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти (по Меснерова листа), како врвен успех во планинарските спортови. Незаборавно искуство и прекрасно чувство! Огромна благодарност до Агенција за Млади и Спорт и Федерација за планинарски спортови, како и сите останати поддржувачи, спонзори и пријатели кои веруваа и беа со мене.
Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното и да сонувате бидејќи со многу воља, упорност и труд, порано или подоцна соништата се остваруваат – напиша Илина Арсова на „Фејсбук“.


