Арачиновци годинава платиле над 6 милиони денари данок од вкупно 2.675 домаќинства

Денари
Денари / Фото: МИА

Општина Арачиново во 2023 година наплатила над 6 милиони денари по основ на локални даноци од вкупно 2675 домаќинста, информираше градоначалникот Ридван Ибраими.

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими на настан организиран од УСАИД ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци. Ибраими информираше дека годинава наплатата на данок е зголемена за 422% во споредба со 2022 година.

„Арачиново не е веќе „црна овца“ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече Ибраими.

Преставникот на УСАИД, Бардил Марку ја нарече Арачиново „успешна приказна“ и ја пофали Општина Арачиново во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот