Антониа Гиговска ќе прави свадба: Пејачката ќе блесне во бело пред голем број гости

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцовски пред речиси една година стапија во граѓански брак, а убавата вест тогаш ја споделија со јавноста преку неколку фотографии.

Но, се чини дека ваквата формалност не е доволна за крунисување на љубовта на оваа естрадна двојка, па Антониа и Роберт се решија да направат забава и да ја потврдат љубовта пред голем број гости.

Имено, како што дознава „Вистина“, Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10 март ќе прават голема свадбена веселба. Деталите за свадбата ги сподели младоженецот кој во интервју за „Вистина“ раскажа за подготовките пред свечениот чин.

Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

„Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се’ како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена“, открил Роберт.

Тој откри и дали свадбата ќе биде поинтимна или голема веселба.

„Хмм голема, мала…Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300“, открил Роберт за „Вистина“.

За добрата атмосфера тој вели дека ќе се погрижат колегите од групата „Арија“ на кои безрезервно им верува.

ФОТО | Антониа Гиговска е бремена и верена: Зетот е син на познат фолк-пејач

ФОТО | Антониа Гиговска во секси издание: Oбјави провокативна фотосесија во името на љубовта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот