Пожар во Расадник. Општина Кисела Вода/Фото: ЦУК

Ангелов: Горат дрвја и грмушки во скопски Расадник, граѓаните да не се вознемируваат

Центарот за управување со кризи известува за пожар што избувнал попладнево во Расадникот во општина Кисела Вода и веќе се интервенира за негово гаснење.

– Зафатена е поголема површина со оревови дрвја, грмушки и трева и се шири во сите насоки, вели во видео изјава директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

– Верувам дека околните објекти ќе бидат навреме заштитени, од едната страна има бензинска станица, а од другата згради, но нема потреба од вознемиреност без оглед на густиот чад што се гледа од поголем дел од градот. Граѓаните нека останат спокојни бидејќи верувам дека пожарникарите набргу ќе го стават под контрола и ќе го изгаснат овој невообичаен пожар. Имаме шумски пожар во градот Скопје, посочува Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот