Андреј Стојановски донесе медал за Македонија на пливачкиот турнир во Бургас

Андреј Стојановски (прв од десно) со медалот на турнирот во Бургас, Бугарија/фото: facebook/Nacionalna sportska federacija na gluvi na Makedonija

Македонскиот пливач Андреј Стојановски настапи на „Мејор`с Куп Бургас – Гран При Бургас“ во Бугарија каде го освои третото место.

Стојановски во силна конкуренција беше третопласиран во дисциплината 400 метри мешано.

Нашиот натпреваруварувач, кој е член на ПК Скопје, оствари време од 04:36.71 минути.

На првото место заврши Георги Јанев од Левски (04:20.27) пред Илијан Вардинов од Пловдив 2019 со време 04:34.92 мин. на втората позиција.

Од Националната спортска федерација на глуви на Македонија упатуваат честитки до Стојановски за остварениот успех.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот