Анчелоти не е повеќе тренер на Елмас и Наполи

Фудбалерите на Наполи со 4:0 славеа против Генк и го обезбедија пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, но Карло Анчелоти и покрај успехот после мечот доби отказ.

– Наполи одлучи да го смени Карло Анчелоти од местото тренер на првиот состав. Пријателството и добриот однос меѓу претседателот Аурелио Де Лаурентис и Карло Анчелоти остануваат непроменети после овој потег – напиша Наполи на „Твитер“.

Како што пренесува „Скај“, Анчелоти е во преговори со англискиот премиерлигаш Евертон.

Информациите велат дека на клупата на италијанскиот клуб во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе седне поранешната ѕвезда на Милан, Џенаро Гатузо.

Во Наполи веќе подолго време владее хаотична ситуација која кулминираше оваа сезона откако после неколку порази првиот човек на клубот им нареди на фудбалерите дека мораат во карантин, но најголемиот дел од нив одбија, по што дел им беа скратени од платите. Анчелоти ги поддржа своите играчи и тука започна неговиот крај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот