Барселона и со втор тим пресилна за Интер, ланската сензација Ајакс ќе игра во ЛЕ

twitter:UEFA Champions League

Барселона од претходно го обезбеди пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, а за второто место се бореа ИНтер и Борусија Дортмунд, а борбата траеше се до последниот свиреж на судијата.

Во последното коло Интер и Борусија влегоа со по седум бодови, а подобар меѓусебен скор имаше италијанскиот тим, но вечерва го очекуваше далеку потешка задача, Барселона која и со вториот тим се покажа како непремостлива пречка.

Перез уште во 23. минута донесе водство за каталонците, а Интер во финишот од првиот дел израмни преку Лукаку. Во второто полувреме „нероаѕурите“ тргнаа на се или ништо, имаа иницијатива и напаѓаа но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на Нето. Затоа казната ги стигна во 90.минута кога младиот Фати погоди и го испрати Интер во Лигата на Европа.

Борусија со головите на Санчо и на Брандт ја победи Славија Прага со 2:1.
Во групата Х, Ајакс кој минатата сезона го делеа секунди од пласман во финалето на ЛШ, е поразен од Валенсија со 0:1 и исто како Интер настапите ги продолжува во ЛЕ. Единствениот гол на натпреварот беше дело на Родриго во 24. минута.

Резултати:
ГРУПА Е
Салбург – Ливерпул 0:2
Наполи – Генк 4:0

ТАБЕЛА
1. Ливерпул 13
2. Наполи 12
3. Салцбург 7
4. Генк 1

ГРУПА Ф
Интер – Барселона 1:2
Б. Дортмунд – Славија П. 2:1

ТАБЕЛА
1. Барселона 14
2. Б. Дортмунд 10
3. Интер 7
4. Славија П. 2

ГРУПА Г
Лион – Лајпциг 2:2
Бенфика – Зенит 3:0

ТАБЕЛА
1. Лајпциг 11
2. Лион 8
3. Бенфика 7
4. Зенит 7

ГРУПА Х
Челси – Лил 2:1
Ајакс – Валенсија 0:1

ТАБЕЛА
1. Валенсија 11
2. Челси 11
3. Ајакс 10
4. Лил 1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот